еМагазин
Image default
Забава

Младите ѕвезди Лара Иванова и Пајак со „Bella“ ќе се претстават на овогодинешниот Макфест 2022

Талентираната и млада пејачка Лара Иванова, која го привлече вниманието на јавноста со музичките песни „Ремек Дело“, „Некогаш ќе помине“, „Цвеќе на тагата“, „Душа“ и многу други, на овогодинешното издание на Макфест, ќе го претстави новиот дует кој носи наслов „Bella“.

Овој музички хит во најава, е соработка со македонската трап ѕвезда Пајак.

Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат. „Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно…“, пеат Лара и Пајак, а позади текстот и музиката стои токму потписот на „Пајак“.

Аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо.

Пајак веќе долго време соработува со познатата продукција „Urban Records“, а неговите хитови „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ и многу други, имаат милионски број прегледи, што го потврдува фактот дека овој млад пејач го очекува светла иднина.

Тизерот за „Bella“ е веќе објавен, а официјалната промоција на песната и спотот кој е во финални подготовки, ќе може да ги слушнете и погледнете на 22. октомври, на втората фестивалска вечер на Макфест.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Балканско патување“ на Пламенка Трајковска-гудачки квартет

Редакција

(Фото) Благица Павловска наполни 60 години, доби торта со нејзниот лик

Редакција

(Видео+Фото) Шампионска емисија: Новак Ѓоковиќ и екипата на „Медена земја“ во „Еден на Еден“

Редакција