еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и топло, по котлините наутро слаба магла

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе се одржува сончево и релативно топло.

Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диетата со вино, популарна меѓу скопските тинејџерки предизвикува сериозни здравствени проблеми, предупредува доктор Беќаровски

Редакција

Утре на места зголемена облачност и услови за слаб дожд

Редакција

Следните денови стабилно и топло време, за викендот локален дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција