Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможено е 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја.
Министерството за надворешни работи, воедно, упати благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како во Македонија се транспортираат примероци за лабораториска анализа за коронавирусот
Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години
(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот
Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?