еМагазин
Image default
Македонија

Мојаноски: МПЦ ќе го добие Томосот и ако Бугарската православна црква не ја признае

Универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници Цане Т. Мојаноски вели дека доколку се случи БПЦ да не ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА тоа нема да влијае на доделувањето на Томосот од страна на Вселенската патријаршија.

-Ако ја погледнеме нивната практика дека се што е до 1944 година го присвојуваат како сопствен дел од историјата, такво поведение е можно. Но, што ќе значи за МПЦ-ОА ако една патријашија не ја прифаќа? Веројатно тоа прашање ќе стои отврено како што стои отворено прашањето за други православни цркви.

Тоа нема да ја намали можноста МПЦ да е составен ден од православната екумена, да општи со неа. Во текот на јуни, нашиот архиепископ ќе богослужи на Фанар со вселенскиот патријарх. Да се надеваме дека таква заедничка литургија во иднина ќе стори и Бугарската православа црква, вели Мојаноски во интервју за Фокус.

Но, додава, без разлика на тоа каков ќе биде ставот на Бугарската православна црква, тоа нема да влијае на доделување на Томосот.

-Тоа е прашање кое во јавноста создава забуни. Во православната црква долго време се заговараше идејата автокефалноста да се поврзува со консензусот на сите православни цркви. Тоа решение не стапи во сила што значи дека важечко правило е дека вселенскиот патријарх на основа на поднесокот, во случајот на СПЦ, дека ја поддржува и прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА ги известува другите помесни цркви. Тие потоа, секоја поединечно, ја вклучуваат таа црква во литургиите, вели Мојановски во интервјуто.

На прашањето зошто СПЦ одбра да ја признае МПЦ баш во овој момент, поранешниот претседател на Комисијата за односи со верските заедници објаснува дека има повеќе фактори.

-Прво, во СПЦ се промени еден дел од црковната ерархија, која повеќе или помалку беше поддржувач и прифаќаше определени гледишта кои се поблиски до световните гледишта отколку до црковните. А, се однесуваа на пример, за стратегијата за српските земји која може да се препознае во некоја од доктрините кои се присутни меѓу балканските земји кои се нарекуваат големодржавни концепти.

Таа беше во унисон во концептот на Руската православна црква чија доктрина се нарекува „Руски свет“, во која руската црква смета дека таа треба да го организира православниот живот на луѓето кои се блиску до руската култура и јазик.

Второ, во овој период има значителен број поместување кои се случуваат на Балканот во последните десетина година. Тоа можете да го видите во однос на позиционирањето на земјите во однос на одделни организации и вредности како евроатланските интерграции, вели тој.

Според Мојаноски, клучниот фактор во целиот процес е иницијативата на вселенскиот патријарх да го отвори прашањето на МПЦ како резултанта на обраќањето на МПЦ-ОА и обраќањата на политичките водства на Македонија.

-Катализатор на тоа прашање е одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај, кога таа се определува во апелациска постапката да ја симне шизмата и да ја прими во канонско единство, потенцира во интервјуто универзитетскиот професор и поранешен претседател на Комисијата за односи со верките заедници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Г.г. Стефан: Овој настан е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим, процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија

СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата не се меша во работата на ИВЗ, велат од таму за обвинувањата на Реџепи

Редакција

Стабилно и суво време до четврток

Редакција

Убава вест: Оздравени 320 болни од Ковид-19

Редакција