еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Немам никакво учество, активитет или улога во партијата“: Гордан Георгиев се огласи за шпекулациите дека ќе биде нов лидер на СДСМ

Откако во јавноста се појавија шпекулации дека поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев ќе го замени Зоран Заев на претседателската функција во СДСМ, тој се огласи на неговиот Фејсбук-профил.

„Мислев ќе стивне, како што стивнувало и претходно, но сега веќе имам должност да ги затворам сите шпекулации, инсинуации, евентуални желби и потреби кои доаѓаат од разни агли на општеството во врска со мој претпоставен ангажман (или желба) за вклучување во активна политика или на некакво раководно место во СДСМ.

Изминатите 7-8 години, или барем откако СДСМ е на власт, јас немам никакво учество, активитет или улога во партијата. За волја на вистината, ниту некој побарал суштински совет од мене, ниту пак биле прифаќани моите јавно искажани, и секојпат добронамерни, совети и предлози за подобро функционирање на државата.

Сиве овие години, моите ставови за општествените текови јавно ги искажувам преку моите колумни, писанија, јавни настапи и проекти коишто ги работам. За некои ставови сум бил жестоко критикуван, за некои тивко поддржуван.

Така и во иднина, мојата активност и порив за подобро и праведно општество, за до-освојување на слободата и за враќање на изгубените или никогаш стекнатите вредности ќе се одвива во овие рамки. Се разбира, рамките се стеснуваат или шират во зависност од општествените и политички околности…

Сепак, како човек од крв и месо, одржувам пријателски односи и имам емоција и почит кон голем број членови, симпатизери и поддржувачи на СДСМ со кои во еден исклучително тежок период за Македонија сме се бореле за демократија и слобода,“ напиша Георгиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се враќа ли Бранко Црвенковски преку свои кадри во СДСМ?

Неколку групации, меѓу нив и Бранко Црвенковски, сакаат да го преземат СДСМ, вели Бучковски

Фото: Фејсбук/Георгиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеќир Рачмиловиќ: Гласав „за„, за да Македонија излезе од криза

Редакција

Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт

Редакција

И денеска Македонци се вакцинираат во Србија, на Табановце за излез се чека 40 минути

Редакција