еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Се враќа ли Бранко Црвенковски преку свои кадри во СДСМ?

Оставката на Зоран Заев се уште не е стигната во Собрание, ни во неговата партија, СДСМ, но медиумите на големо шпекулираат со бројни имиња за негов наследник на премиерското место, но и на лидерското во партијата.

Имињата се пласираат зависно од врските на медиумите со различните крила во СДСМ, а очекувано најголем интерес се уште предизвикува поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, (и луѓето кои важат за блиски до него), кој со години е повлечен од политичката сцена, но ја користи секоја прилика да ги пренесе своите ставови за националната политика која ја води Заев, но и за начинот со кој управува со партијата.

Дека и Црвенковски “учествуваше“ на Локалните избори почна да се шпекулира уште пред почетокот на изборната кампања, а најчест пример кој се посочуваше за тоа беа случувањата во Охрид, каде членови на СДСМ настапија независно.

Потврда за „вмешаноста“ на Црвенковски во овие избори стигна и од поранешниот лидер на партијата, Владо Бучковски, кој изјави дека Црвенковски му нанел штета на Заев уште на почетокот на кампањата, но и дека Црвенковски покажува амбиции за преземање на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку групации, меѓу нив и Бранко Црвенковски, сакаат да го преземат СДСМ, вели Бучковски

Пред изборите Црвенковски на научен собир во МАНУ по повод 30 години од независноста на Македонија порача дека Преспанскиот договор не е добар и дека тој со Бугарија ја отвори Пандорината кутија.

Претходно од Форумот за Западен Балкан во Сараево изјави дека Бугарија денес сака преку ЕУ да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Црвенковски: Преспанскиот договор не е добар, тој со Бугарија ја отвори Пандорината кутија

(ВИДЕО) Бранко Црвенковски: Бугарија денес сака преку ЕУ да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни

Дека всушност Црвенковски во сенка е присутен цело време на политичката сцена стана јасно и во мај годинава, кога демантираше дека ќе формира партија.

Во ноември пак минатата годинава преку соопштение информираше дека го замрзнува своето членство во СДСМ и ги повика органите и членовите на партијата да се дистанцираат од скандалозното интервју на Заев за бугарски медиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранко Црвенковски без коментар за шпекулациите дека ќе формира нова партија

Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев

Голема е веројатноста оставката на Заев од премиерската позиција да предизвика нова политичка криза во Македонија во време кога сме пред енергетска криза, но и пред дупла економска, која ќе следи поради проблемите со струјата и секако таа што веќе ја живееме поради пандемијата со Ковид-19, но очигледно е дека ќе има голема криза и во владејачката СДСМ.

Деновиве ќе видиме колку всушност е моќен Црвенковски и колку Заев успеал да се „реши“ од неговите луѓе во партијата.

Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Уште еднаш се докажа дека рамковните се недопирливи“: Твитер реакции за разрешувањето на Стојко Пауновски

Редакција

Досега граѓаните донирале 30,3 милиони денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, еве како да помогнете

Редакција

ОМО Илинден-Пирин: Нашиот клуб двапати беше искршен, ама во Бугарија никој не реагираше

Редакција