еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Бранко Црвенковски: Бугарија денес сака преку ЕУ да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни

Бугарија сака денеска да го добие тоа што не успеа со балканската и двете светски војни, изјави поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски во неговото обраќање на Форумот за западен Балкан во Сараево, Босна и Херцеговина.

„Она што Бугарија не успеа да го постигне во Втората светска војна од 41-45-та со оружје и воени средства, денес сака да го постигне користејќи го нејзиното членство во ЕУ и правото на вето за носење одлуки.

Мене ставот на Бугарија ми е потполно јасен, но она што мене ме интересира е како на ова гледаат останатите членки на ЕУ“, рече Црвенковски.

Жестока реакција имаше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев (во видето можете да видете што кажа тој), кој ги повтори познатите бугарски тези дека македонскиот народ и јазик се творба на Тито.

„Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо.

Значи неколку генерации пред мене коишто биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин. Значи никој, јас барем никого не знам, нема успеано во историјата на вештачки начин да креира нова нација. Имало обиди, но ниту еден успешен“, рече Црвенковски.

Погледнете ја неговата изјава во видеото на телевизијата Канал 5:

Фото: Влада/видео: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Илија громовник“ доби конкуренција: „Експлодираа“ нови бомби

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ овозможи лекарски прегледи во склоп на тест центарот за Ковид-19

Редакција

Убава вест: Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во Македонија

Редакција