еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите шест пратеници кои во Собранието ќе седнат на местото на избраните градоначалници

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг од изборите.

Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица. На негово место треба да дојде Љубица Спасова со реден број 12 од листата на партијата на минатите избори.

Тимчо Муцунски е нов градоначалник на Општина Аеродром. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на осмото место на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Општина Бутел. Во собраниските купи ќе го замени Зоран Коцевски, кој на листата на пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.

Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Штип, и на неговото место во Собранието доаѓа Драган Ковачки од третата изборна единица.

Во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од БЕСА во Тетово.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ стабилен

Редакција

СЈО: Дејствијата на Латас во „Тотал“ застаруваат за 20, односно 40 години од моментот на извршување

Редакција

Пендиков се вратил во Охрид, треба да присуствува на утрешното судење

Редакција