еМагазин
Image default
Македонија

МО: На Криволак нема да се користи осиромашен ураниум

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги демантираше наводите објавени на социјалните мрежи, дека на воениот полигон Криволак ќе се користи муниција со осиромашен ураниум.

– Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО, напиша Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

Со реакција излезе и Министерството за одбрана, кое наојостро ги демантира шпекулациите кои се споделуваат на социјалните мрежи дека на полигонот Криволак ќе се одвива гаѓање со бомби кои содржат осиромашен ураниум.

– Министерството за одбрана најодговорно тврди дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и тренинзи на нашите партнери од НАТО на полигонот Криволак не се од било каква опасност по здравјето на граѓаните, ниту ќе се користат бомби со осиромашен ураниум, се наведува во реакцијата на МО.

Натаму се наведува дека „ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за претстојниот референдум“.

– Граѓаните да бидат спокојни, членството на Македонија во НАТО носи единствено поголема безбедност и сигурност за нашата земја, се додава во реакцијата на Министерството за одбрана.

МИА/Фото: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Боки 13 вратен во затвор

Редакција

Детален преглед: Што му напишал амбасадорот Бејли на претсeдaтeлот на Основниот суд, Иван Џолев?

Редакција