еМагазин
Image default
Бизнис

“Мода“ од Свети Николе во загуба во првите девет месеци од годината

Во првите девет месеци од годината Мода АД Свети Николе оствари загуба од 22.445.844 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Оствареното производство е за 15% помало од истиот период лани, поради Ковид-19 кризата и немањето налози од нашите коминтенти. Проблемите со големиот логдаун во Германија допринесоа да модните артикли целосно запрат со продажба. Како резултат на ова, остварени се само 416.484 работни часови за разлика од 2020 година кога во истиот период беа остварени 536.435 работни часови.

Остварен е извоз на 494.331 конфекциски производи во вредност од само 1.529.309 евра, кој е за 28% помал од минатогодишниот“, велат од компанијата.

Оперативните приходи на компанијата за овој период се помали за 31% споредено со истиот период лани, а расходите се помали за 12%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколкукратно намалена добивката на „Мода“ АД Свети Николе

Мода од Свети Николе лани со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени два блока акции од Комерцијална банка за 265.000 евра

Редакција

Министерството за здравство го распиша тендерот за изградба на нов Клинички центар

Редакција

Колкави биле примањата на Одборот на директори на Фершпед лани

Редакција