еМагазин
Image default
Бизнис

Мора да се прогласи енергетска криза, смета Азески

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески смета дека мора да се прогласи енергетска криза и уверува дека компаниите нема да се соочат со рестрикции.

– Оваа работа не може да помине без прогласување на енергетска криза во државата. Не знам какви се ингеренциите во ваква констелација на Влада, која е во оставка во моментов, но криза мора да прогласи за полесно да ги носи решенијата во моментот кога ќе тргне огромната потрошувачка со промената на временските услови и со резервите што ги имаме, истакна Азески во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Вели дека веројатно ќе дојде до здружување на компаниите за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена која ќе ја платат авансно со што ќе ги обезбедат потребните количини.

– Покрај тоа што соработуваме со Владата, ние бараме и наши решенија. Имаме неколку можности кои ги разгледуваме. Веројатно ќе дојде до здружување на компаниите за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена и ќе ја платиме авансно и така ќе ги обезбедиме потребните количини за да подготвени го пречекаме почетокот на годината.

Има можност за наше вклучување во активностите што ги презема државата за подигнување на степенот на производство на електрична енергија, а ќе има и солидарни потези кои ќе ги направиме како Западен Балкан, како Управен одбор на Коморскиот инвестиционен форум каде јас сум копретседател.

И таму поверуваме иницијатива и бараме од Европската енергетска заедница и Европската комисија да помогнат, вели Азески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на струја, донесена од Владата

Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими

МИА/Фото: Стопанска комора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пекабеско“ оствари добивка од 41,9 милиони денари за шест месеци

Редакција

ЕДС одбележува 10 години постоење – една деценија стабилен снабдувач и сигурен партнер

Редакција

Преполовен прометот на Македонската берза

Редакција