еМагазин
Image default
Бизнис

„Пекабеско“ оствари добивка од 41,9 милиони денари за шест месеци

„Пекабеско“ АД за периодот јануари-јуни 2020 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 41,9 милиони денари и истиот е понизок за 27% во споредба со претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2020 година изнесуваат 2.152.400.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 6%.

Остварените вкупни расходи изнесуваат 2.095.600.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување за 7%.

„Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2020 година изнесуваат 44 милиони денари и кумулативно за 7,5 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 581 милиони денари“, соопшти компанијата.

„Пекабеско“ АД за периодот јануари-јуни 2020 реализира 38 нови вработувања а 36 вработени го напуштија друштвото. Бројот на вработени изнесува 474 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пекабеско“ ги зголеми приходите

Пекабеско предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НБ: Овозможено отворање сметки кај странски електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели

Редакција

Раст од 10% на консолидираните продажби и инвестициите: Што предвидува Бизнис планот на Алкалоид за 2024

Редакција

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Редакција