еМагазин
Image default
Бизнис

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Централиот регистар го продолжи рокот за достаување годишна сметка до 25 март 2021 година.

-Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бара одложување на рокот за доставување на годишна сметка известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот, информираат од Централниот регистар.

Ваквата одлука за пролонгирање на рокот, како што наведуваат, се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот Ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови.

Потенцираат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.

Од Централниот регистар наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден, 11 март над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, но, посочуваат, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата и увозниците ќе ги анализираат можностите за субвенции при купување нови возила

Редакција

Нова државна помош од 25,7 милиони евра за „Кромберг и Шуберт“

Редакција

Бугарија од утре ги повлекува рестрикциите за патување на македонските граѓани

Редакција