еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мош и Интермецо казнети за гласна музика со по 13.000 евра

По пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територија на Општина Центар, Секторот за инспекциски работи, во текот на минатата недела, организираше акција за мерење на бучава со овластена лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, во раните утрински часови, информираат од Општината.

„Акциите се спроведоа на целата територија на Општината, при што беа поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец. Извршено е мерење на бучавата на два угостителски објекти Мош и Интермецо.

По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија за животна средина ги достави извештаите од мерењата, врз основа на кои се спроведени инспекциски постапки, со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина.

Правните лица можат да платат половина од казната во рок од 8 дена. Доколку не ги платат казните во висина 13.000 евра, овластениот инспектор ќе достави Барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци,“ се вели во соопштението.

Од Општина Центар велат дека постојано добиваат поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава.

„Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина,“ се додава во соопштението.

Фото: Фејсбук/Мош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак во Скопје по удар од „Опел Астра“

Редакција

Во Куманово пронајдена исчезнатата девојка од Ѓорче Петров

Редакција

Констатирани низа пропусти во Куманово: Казна од 300 до 600 евра за градоначалникот Максим Димитриевски

Редакција