еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Можно е корона вирусот да бил присутен кај нас многу порано од што се знае

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска потврди дека корона вирусот бил присутен кај 79-годишната жена, чие што тело во распаѓање беше пронајдено пред неколку дена во Велес.

Станува збор за случајот со мајката и синот, чии тела речиси во распаѓање беа пронајдени во нивниот стан во Велес, а не се знае колку време биле мртви. Последен пат биле видени околу новогодишните празници.

Оттука Филипче не ја исклучи можноста вирусот да бил присутен многу порано во Македонија.

Тој потсети дека годинава бројот на заболени од грип бил 37.000, што е за 80 проценти повисок од претходните години и најави подоцнежно тестирање на тие заболени.

„Материјалите од грипот ги имаме односно оние кои се анализирана инфлуенца, ќе се анализираат и за корона вирусот, но не сега“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка и син пронајдени починати во домот во Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски бара судот да му го врати пасошот

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од катастрофата во Либија, бројот на загинати се искачи на над 5.000

Редакција

Починаа уште 12 лица од Ковид-19, вкупно 2.647

Редакција