еМагазин
Image default
Македонија

Можно укинување на полицискиот час и одржување на концерти после 15 јуни

Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека доколку продолжат овие бројки на заболени од Ковид-19, овие трендови, после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки.

– Тука мислам прво на полицискиот час и второ на препораките за организација на другите настани, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

МИА/Фото: Photo by Colin Lloyd on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата

Редакција

Рекордни 46 починати од Ковид-19, најмладиот пациент имал 28 години

Редакција

Груевски осуден на 1,5 година затвор, Јанакиески на 1 година условно за „Насилство во Центар“

Редакција