еМагазин
Image default
Бизнис

МТШ ЖАС со загуба во третото тримесечије, останува со блокирана сметка

Во првите девет месеци од годинава друштвото Меѓународен транспорт и шпедиција (МТШ) ЖАС АД остварува негативен финансисики резултат во износ од 23.215 денари, информираа Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 109.955 денари, кои во однос на претходниот период бележат пораст. Истите се остварени со наплата по Решение од извршител.

Износот на paсходите за периодот изнесуваат 42.016 денари, кои се состојат од банкарски трошоци, трошоци за извршител и останати трошоци и истите бележат пад во однос на претходниот период.

Амортизацијата за периодот изнесува 91.154 денари.

За овој период, Друштвото нема извршено нови вложувања, ниту продажби на материјални средства, како ни нови кредитни задолжувања.

Жиро сметката на фирмата е блокирана од Извршител, информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЖАС со блокирана сметка и загуба во првото полугодие

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за информатичко општество и администрација склучи договор со Неоком вреден 1,1 милион евра

Редакција

Сите детали: Како да остварите поврат на 15 отсто ДДВ?

Редакција

Осигуреник наплатил 308.000 евра штета за осигуран имот

Редакција