еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Граѓаните да внимаваат, лажни електронски пораки се испраќаат во име на полициски функционер

Лажни покани во врска со наводна тековна истрага се испратени до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на Министерството за внатрешни работи, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, информираат од МВР.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот.

Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура“, се вели во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доколку има добра волја од Бугарија зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Османи, Милошоски

Редакција

Како му успева: Заев дневно одговара на три до пет илјади пораки

Редакција

Бугарија треба до јуни да дозволи регистрација на сите македонски здруженија, тоа е главниот проблем, вели нивниот адвокат

Редакција