еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.225 заразени од корона вирусот: Потврдени 18 нови случаи, половина од нив во Куманово

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Скопје-2, Куманово-9, Штип-2, Тетово-2, Велес-1, Гостивар-1, Пехчево-1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Kовид-19 во Македонија изнесува 1.225.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е: Скопје – 411, Куманово – 338, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –117, Тетово – 57, Струга – 55, Велес – 59, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 27, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1.

“Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку Институтот за јавно здравје –252, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0  и Систина со PCR метода  -11.

Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на Kовид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на Ковид-19, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на  домашно лекување се следат 19 пациенти“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа тројца пациенти од корона вирусот, помеѓу кои и 46-годишна жена која долго била на механичка вентилација

Убава вест: Бројката на излекувани од корона вирусот до денес изнесува 200

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина актерската легенда Мите Грозданов

Редакција

Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје одложен за идниот понеделник

Редакција

Сексуалното вознемирување на УКИМ присутно, студентите најчесто не знаат каде да го пријават

Редакција