Зачестени се кривичните дела измами при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на државава. Затоа апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не склучуваат договори за продажба на автомобили без да им бидат исплатени парите, порачуваат од Министерството за внатрешни работи.
-При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето.
Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист, велат од МВР и додаваат дека преземаат засилени мерки за расчистување на пријавените измами.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.