еМагазин
Image default
Македонија

МВР постапува по неколку инциденти на избирачки места

На гласачко место бр.2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром околу 13.15 часот претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кога дошле полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од полицијата е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

-Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ, соопшти МВР.

По барање на претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место бр.0537 во ОУ „Саит Најдени“ во Дебар на ул.„Едвард Кардељ“, во 12.55 часот е побарана интервенција на полициски службеници поради тоа што А. Д. (30) од Дебар со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Во 13.15 часот тој е приведен во ОВР-Дебар.

Во 13.10 часот на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево, заменик-претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.

Во 12.40 часот од претседателот на Избирачкиот одбор на гласачко место бр.2909 во ОУ „Живко Брајковски“ во Скопје е пријавено дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 10.45 часот М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ „Кире Гаврилоски“, каде Џ.П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П пронајден и одземен бил пиштол марка „ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на Стејт департментот Шоле не ја донесе „Црната листа“

Редакција

Алтернатива нема да учествува во работната група за измени на Уставот

Редакција

89 нови случаи на Ковид-19 од 1.649 тестови, 15 се реинфекции

Редакција