еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали за престрелката во Гази Баба и повреденото лице

Според билтенот на МВР, вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б.(27) од Скопје.

Настанот се случил околу 15.30 часот на улицата „Бајрам Шабани“ и во него учествувале неколку лица, при што со повреди се здобил А.Б.. Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од селото Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се запали „Голф“ при влез на граничниот премин Богородица

Редакција

(Видео) Како изгледа Струга во новогодишно руво

Редакција

По пад од зграда во Скопје почина 47-годишен маж, а жена со тешки повреди пренесена во Клинички центар

Редакција