еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Парада за миленичиња за прв пат во Скопје

Шепологија е наречена првата парада за миленичиња преку која организаторите сакаат да ја покажат убавата страна на имањето на милениче покрај себе.

„Долго време се мислевме како да ја раскажеме безусловната љубов на Шепастите кон човечкиот род, да покажеме дека активизмот не е само огорченост, туку и многу среќни приказни. Оваа прва парада за миленичиња ќе се одржи на 13.октомври во Скопје“, изјави Габриела Димеска – активист Шепасти ентузијасти

Првата Шепологија е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори, а сето ова е поради тоа што “Шепологијата” е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РСМ во 13.00 часот со парадирање до Градскиот Парк, каде пак пред Школка ќе се случува музички хепенинг (DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park, DJ Set C2 Brothers, Ване Маркоски, Skopje Drumline, Беатрикс, Aгенција Моделс ИН, Ресторан Маркт, Крем Кафе, Веган 365) кој ќе трае до 22.30 часот.

Да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблестен и хуман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излезе од печат „10 минути и 38 секунди“ од Елиф Шафак

Редакција

Успешно завршија донаторските акции за лекување на Михаела и Јована

Редакција

Македонските филмови ги препознаваат во светот: „Крајот на времето“ на Манчевски ја доби наградата Curator’s Choice

Редакција