еМагазин
Image default
Локално

МВР вчера изрече 339 сообраќајни санкции во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 22 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци,16 технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 84 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Петгодишно девојче се удави во Маркова Река

Редакција

(Галерија) Струга во новогодишно руво

Редакција

Кичевчанец тешко повреден: Со велосипед удрил во паркиран автомобил

Редакција