Цената на нафтата падна под 100 долари по привременото примирје помеѓу САД и Иран

По објавата за двонеделен прекин на огнот во војната помеѓу САД и Иран, очекувано цената на нафтата падна под 100 долари.

Утринава нафтата “брент“, чија цена учествува и во крајната цена на горивата во Македонија се продава за 94,50 долари за барел, и бележи пад од 13%.

Пред војната нафтата се тргуваше за околу 70 долари за барел.

Војната која се прошири на Блискиот Исток придонесе до ограничување на транспортот на нафта низ Орумскиот теснец, низ кој поминува 20% од глобалните потреби, по што таа почна да расте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот може да здивне, засега: САД и Иран договорија двонеделен прекин на огнот, и двете земји прогласија победа

Како се одредува цената на бензините и дизелот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести