еМагазин
Image default
Бизнис

На 15 октомври ќе има парно во Скопје, ќе набавуваме гас од Србија во замена за струја, уверуваат од Влада

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.

Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут.

Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните, рече Андонов.

Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут, а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција.

Појаснувајќи ја набавката на гас од Србија потсети дека пред десет дена претседателот Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на гас во Македонија во замена за електрична енергија.

Дел од струјата ќе биде вратена назад во Србија, рече Андонов и најави дека точните количини и цени ќе бидат објавени откако ќе биде постигнат договор.

Државата, како што појасни, ќе купи гас од Србија, а потоа ќе се произведе електрична енергија и ќе се продаде на Србија.

-Ние ќе ја платиме количината на гас, а тие количината на струја. Количината струја што ќе остане ќе биде продадена на индустријата по цени кои ќе бидат прифатливи за нив и кои ќе бидат излезни во зависност од цената на гасот. Топлината ќе се продаде на граѓаните, информираше Андонов.

Тој потсети дека министерот за економија Крешник Бектеши во Турција изминатиот период разговараше за обезбедување дополнителни количини електрична енергија и природен гас, во Грција за постојано снабдување со лигнит и мазут, а во Бугарија за поевтина цена на струјата под берзанската, за потребните количини за индустријата.

-Кога сите овие разговори ќе се финализираат Владата на најтранспарентен начин ќе ги презентира и пред стопанските комори и пред јавноста, рече Андонов.

Планот за справување со енеретската криза што го претстави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не го виделе, но како што рече, ќе го разгледаат и тој како и сите други планови и поддршки што ќе бидат понудени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка склучи договор со Македонија Скопје – Виена иншуренс груп за приватно здравствено осигурување

Редакција

Македонија 2025 објави повик за компании за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Редакција

„Витаминка“ планира приходи од 53 милиони евра во 2021 година

Редакција