еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

На 86-годишна возраст почина Силвио Берлускони

Почина поранешниот италијански премиер Силвиот Берлускони (86).

Беше лидер на политичката партија Форца Италија. Во изминатите четири денови беше хоспитализиран во Милано поради леукемија.

Тој беше на чело на партијата што беше официјално основана во јануари 1994 година, за првпат да учествува на општите избори во март истата година.

Берлускони беше премиер кратко време – седум месеци во 1994 година, пред повторно да биде назначен на истата позиција во 2001 година.

Втората влада на Берлускони е најдолгата во историјата на Италијанската Република. Но, на 20 април 2005 година тој понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. Потоа, на 23 април 2005 година, формираше нова влада без поголеми промени во нејзиниот состав.

На 12 ноември 2011 година Берлускони поднесе оставка до италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по губењето на парламентарното мнозинство и големата економска криза што ја зафати земјата.

Берлускони беше и сопственик и основач на медиумските компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони бил најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари во 2005 година, а бил и 25-ти најбогат човек во светот.

Тој исто така беше претседател на фудбалскиот клуб Милан помеѓу 1986 и 2004 година.

МИА/Фото: Берлускони/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата е далеку од завршена, богатите да ги споделат вакцините со сиромашните, велат од Светска здравствена организација

Редакција

Имаме јасни позиции, за македонскиот јазик и идентитет не се разговара, тврди Ковачевски

Редакција

Неактивното население голем товар: Доведена во прашање одржливоста на јавните финансии

Редакција