еМагазин
Image default
Македонија

На Детската клиника нема нови позитивни на коронавирусот, во Велес во самоизолација еден вработен од ЦЈЗ

На Универзитетската клиника за детски болести ситуацијата е стабилна, нема нови позитивни случаи со коронавирусот меѓу персоналот.

Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од Одделот за имунологија, а не од Одделот за онкологија, како што кажав на минатата прес-конференција. Претпоставениот контакт е мајка на дете кое требало да се прими за терапија на Хематоонкологија според анкетите на епидемиолозите.

По протоколот од одреден од Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска, истакна на онлајн прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Посочи дека е направен увид на целата Клиника, чистење, степенувани се според ризик и контактите, работата е организирана по тимови и сите одделенија на Клиниката функционираат најнормално.

– Суспектните пациенти се упатуваат во болницата во Козле и ако треба да влезат на Клиниката за детски болести има посебен дел и соодветен пристап. Темелно се хоспитализираат и пациенти со малигни болести и хронични болни и пациенти со системски болести, како и новороденчиња, додаде Филипче.

Во врска со Истражниот затвор во Шутка, тој рече дека завршени се сите анализи. Таму сите околу 50 земени тестови се негативни и институцијата работи непречено.

– Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров исто така се земени сите брисеви и тоа на тројца штитеници кои се таму, и на 13 вработени се негативни. Работата е реорганизирана е според распоредот и таа институција функционира нормално, истакна Филипче.

Во врска со Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Велес, посочи дека еден од тамошните вработени е во самоизолација, но сите одделенија работат нормално.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот Спасовски треба да направи тест за Ковид-19 неделава, смета Филипче

15 вработени од маркетот во Велес, каде што имаше позитивен од корона вирусот, одат во самоизолација

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ остави 1.071 каранфил за починатите од Ковид-19 пред Влада, бара оставка од Филипче

Редакција

Спасовски: Има индиции дека „Диво насеље“ се случи за да се спречи објавувањето на „бомбите“

Редакција

(Фото) Иванов со семејството за празникот Успение на Пресвета Богородица на црковно-народниот собир во охридското село Скребатно

Редакција