Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 16 мај, аплицирани се 28.594 дози на „Фајзер“ (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на „Спутник V“ (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на „АстраЗенека“ и 108.740 дози „Синофарм“.
„Заклучно со 16 мај вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 38,1% помалку смртни случаи од Ковид-19 во однос на минатата недела
Минатата недела најголем дел од зболените од Ковид-19 биле на возраст од над 60 години
Намалување од 48,3% на бројот на заболени од Ковид-19 во однос на минатата недела
Фото: Влада