еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина против Ковид-19

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерство за здравство.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 186.146 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 граѓани, а вчера вкупно се аплицирани 12.352 дози вакцини.

Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки 43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk  бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број на граѓани вакцинирани со кинеската и руската вакцина

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 18 болни од Ковид-19

Редакција

НЛБ Банка оствари добивка од 20,5 милиони евра за девет месеци

Редакција

Петгодишно дете однесе во изолација 14 деца, две негувателки и една воспитувачка во Кавадарци

Редакција