еМагазин
Image default
Македонија

На граничниот премин Табановце се чека по 20 минути

Зголемена фреквенција на возила и чекање за влез во државата од околу 20 минути се бележи  на граничниот премин Табановце. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со сослушување на нови сведоци продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Кризната состојба во Македонија се продолжува до 31 декември

Редакција

ССНМ: Најавата за згаснување на весникот „Независен“ уште еден удар за медиумските работници

Редакција