Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 360 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 39 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 47, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 21 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 622 и има околу 420 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Фото: МЗ