еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 60 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 19 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 675 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

Сите четворица кои починаа од корона вирусот немале контакт со потврден случај

Редакција

Судот го одби барањето за прекинување на „ТНТ“, поради нерешената состојба со Јанева

Редакција