еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 517 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 517 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 6 во Кичево 11, Кавадарци 58, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 860 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани 422 прекршоци за неносење маски

Редакција

Новата влада ќе води принципиелна политика со соседите, нема беспредметно да ги иритираме, вели Мицкоски

Редакција

(ВИДЕО) На претседателот Пендаровски му пречело „северна“ во името, неможел да се навикне

Редакција