еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти, суспектни и болни од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 8 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 21 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 3 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 6 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се додава во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 141 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Болниците се преполнуваат со заболени од Ковид-19

Редакција

Ќе се обелоденат ли имињата на кандидатите за директор на ОТА и на Државниот завод за ревизија?

Редакција

Ковачевски го осуди палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола

Редакција