еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Најиновативните светски технологии за прочистување на воздух и вода изложени во новата концепт-продавница на „Екотип“

Најреволуционерниот прочистувач на воздух Blueair Health Protect, за кој независните тестирања потврдија дека го елиминира живиот коронавирус (SARS-CoV-2) од воздухот, е изложен во новата концепт-продавница на овластениот дистрибутер, компанијата „Екотип“, која од денеска е отворена за посетители и нуди промотивни акции и изненадувања.

Водејќи се од начелото дека чистиот воздух и вода се основно право за сите и од желбата овие две нешта да ги направи достапни за сите, во новата концепт продавница покрај водечкиот производ Blueair Health Protect, застапени се и други најиновативни светски технологии за прочистување на воздух, вода и за дезинфекција без хемикалии.

Во модерно дизајнираната концепт-продавница потрошувачите лично може да се запознаат со врвните технологии за филтрација и нивната практична примена, да го изберат најсоодветниот производ за нивните потреби и да добијат корисни совети и информации поврзани со прочистувањето на воздухот и водата.

– Акцентот на нашата концепт-продавница е ставен на личното искуство на потрошувачите. Ја замисливме како место во кое може да ги почувствуваат благодетите на чистиот воздух и чистата вода благодарение на технолошките новитети кои значително го менуваат нашиот квалитет на живот, почнувајќи од воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и средствата за чистење на просториите што ги употребуваме.

Концепт-продавницата не е обично продажно место, туку центар на чистиот воздух и вода кој овозможува интерактивно искуство со водечките светски технологии од оваа област, вели Илија Андреевски, генерален директор на компанијата „Екотип“.

Дел од понудата во новата концепт-продавница се прочистувачите за воздух на водечкиот шведски бренд Blueair кои се наменети за домот, работните простории или во автомобил, како и заменски филтри и додатоци.

Тука е достапен и најиновативниот прочистувач од овој бренд, револуционерниот Blueair Health Protect, единствениот на пазарот за кој официјално е потврдено дека го елиминира коронавирусот од воздухот во затворени простории, како и дека ги уништува останатите вируси и бактерии.

Просторот внатрешно е уреден со дизајнерските саксии Hobby flower, опремени со патентиран систем за наводнување кој на засадените растенија им креира идентични услови како и животната средина. Овие растенија ослободуваат поголеми количини кислород и се совршена поддршка на прочистувачите во обезбедувањето чист и квалитетен воздух во затворени простории.

Покрај прочистувачите за воздух, концепт-продавницата ги нуди најиновативните технологии за прочистување на вода Aquaporin направени според системот за филтрација кој постои во природатакако и брендовите за филтрација Bluewater и FloWater.

Tука се достапни и производите на брендот Tersano, уреди кои овозможуваат чистење и дезинфекција на предмети и простории без употреба на хемикалии, туку само со користење на проточна вода за пиење и озон, со кои се уништуваат сите штетни микроорганизми.

Новиот концепт-простор на компанијата „Екотип“ се наоѓа на улицата „Орце Николов“ број 202/1, во непосредна близина на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 070 219 682.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УСЈЕ и годинава дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата Земја“ – со исклучување на мелниците ќе се заштедат 10 MWh

Редакција

Започна чистењето на линданот од малата депонија во „ОХИС“

Редакција

Опасниот отпад во Орман бил донесен од Пробиштип

Редакција