еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Катица Јанева и „пукнал филмот“ пред државните ревизори: Се соблекла по долна облека

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска направила инцидент во Државниот завод за ревизија (ДЗР).

„Во 10:30 часот  К.Ј. (1965) по наредба од Основен кривичен суд Скопје била спроведена во Државен завод за ревизија во Палатата „Емануел Чучков“, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место. Сочинет е записник за констатираниот прекршок“, соопштија од МВР.

Според информациите, Јанева се соблекла по долна облека и одбила да потпише прекршок додека во присуство на обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде се води предистражна постапка за високите бонуси на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и бил презентиран извештајот на ДЗР за извршената ревизија на финансиското работење на СЈО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресуда за „Рекет“ на 18 јуни: Катица Јанева „удри“ по Камчеви и Русковска

Одбраната на Катица Јанева праша дали „Рекет“ е создаден за да згаснат обвиненијата против Орце Камчев

Антикорупциска поведе прекршочна постапка за Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и уште седум поранешни специјални обвинители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството отвори предмет за организирана забава во угостителски објект во Прилеп

Редакција

Убава вест: Оздравени 556 болни од Ковид-19

Редакција

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Редакција