еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најмалку 130 предвремено родени бебиња во Газа се изложени на ризик поради недостиг на гориво

Најмалку 130 предвремено родени бебиња се во „голема опасност“ поради недостиг на гориво во болниците во Појасот Газа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Бебињата се во шест неонатални одделенија, соопшти организацијата Медицинска помош за Палестинците, а лекарите предупредуваат дека се во непосредна опасност доколку горивото наскоро не стигне до болниците.

СЗО повика на „итен и одржлив“ пристап до гориво во Газа за да се овозможи функционирање на здравствените установи.

Мелани Вард, извршна директорка на хуманитарната организација, ги повика светските лидери да извршат притисок врз Израел да дозволи доставување гориво во Газа.

– Светот не може едноставно да гледа како бебињата ги убива опсадата на Газа. Ако ништо не се преземе, тоа е смртна казна за тие бебиња, рече Мелани Вард.

Болниците во Газа се преполни со ранети од војната меѓу Израел и палестинските екстремисти, предизвикана од ненадејните напади на Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври.

Лекарите посочуваат дека генераторите во болниците се почесто не работат и дека им недостасуваат завои и лекови, покрај останатото. Сериозниот недостиг на опрема, вклучително и респиратори, ги принудува лекарите да ги лекуваат оние чии животи сигурно може да се спасат, наместо сериозни случаи за кои е потребна сложена грижа, рече д-р Мухамед Кандил, кој работи во болницата Насер во Кан Јунис.

Многу одделенија во болницата се во мрак, бидејќи струјата се штеди само за одделенијата со тешки пациенти.

СЗО соопшти дека Министерството за здравство во Газа објави дека дневната потрошувачка на медицински материјали во војната е еднаква на месечната потрошувачка пред војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Израел уби над 1.756 деца во Газа за две недели

Како момче се збогуваше од своето братче, убиено во нападите на Газа: Видео кое го обиколи светот

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двотретинското мнозинство неизвесно: Почнува финалната фаза од уставните измени предвидени со Договорот од Преспа

Редакција

Најмногу на возраст од 30 до 59 години, повеќе жени, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Проф.Трајковски со лично искуство: Kако една доза од вакцината на „АстраЗенека“ ме заштити од тешка форма на Ковид-19

Редакција