еМагазин
Image default
Македонија

На местото на престрелката подигнати 25 чаури: Детали од Обвинителството за убиството на две лица на „Рузвелтова“ во Скопје

По наредба на јавен обвинител, телата на двете лица убиени во престрелката на „Рузвелтова“ се предадени на обдукција на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а возилото „сеат алтеа“ во кое се превезувале е подигнато за вештачење, соопшти Јавното обвинителство на РМ.

ЈОРМ информира дека на местото на настанот биле подигнати 25 чаури, траги од крв, облека од убиените и од третото повредено лице и други докази кои со наредба на јавен обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

– По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на местото на настанот на улица „Рузвелтова” во Скопје каде што доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено, информира ЈОРМ.

Трите лица се превезувале со „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички, кога врз нив половина час по полноќ бил отворен оган од возило во движење, кое веднаш го напуштило местото.

Возачот на автомобилот, 44-годишниот Н.А., како и неговиот сопатник 49-годишниот А.П. им подлегнале на повредите во болница, додека 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во критична состојба.

 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден загинат во престрелката на „Рузвелтова“ во Скопје, третиот се лекува на КАРИЛ

Вооружена престрелка на Рузвелтова во Скопје: Едно лице загина, има и повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зафир Хаџиманов со поддршка „За“ на референдумот за името

Редакција

Нови 590 случаи на Ковид-19, починати две лица

Редакција

СДСМ во април следната година ќе бира нов претседател на партијата

Редакција