еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На министерски состанок за енергетика во Софија се формираше новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас

На Министерскиот состанок за енергетика во Софија се формираше новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас, откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија, која ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан.

Во оваа платформа свое учество има и Македонија, информираат од Министерството за економија.

Новата регионална платформа во рамки на сеопфатната платформа на ЕУ има за цел да се справи со регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија.

Софиската платформа ќе ги координира плановите во регионот, меѓународните набавки, залихи, поврзаност и со тоа ќе придонесе за енергетска безбедност во регионот, велат од министерството.

На министерскиот состанок кој е во организација на Министерството за енергетика на Бугарија, покрај министерот за економија Крешник Бектеши и домаќинот, министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов учествуваа и Дите Јоргенсен, генерален директор на Директоратот за енергија на Европската комисија (ДГ ЕНЕР), Константинос Скрекас, министер за енергетика и животна средина на Грција, Виргил Даниел Попеску, министер за енергетика на Романија, Зорана Михајловиќ, вицепремиер и министер за рударство и енергетика на Србија, Парвиз Шахбазов, министер за енергетика на Азербејџан, Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина, како и Алпарслан Бајрактар, заменик- министер за енергетика и природни ресурси на Турција.

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ и „Македонски Телеком“ во тесна трка на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

(Видео) Од Токио до Бразил: Светот протестира против Путин

Редакција

Што е „ransomware“

Редакција