Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за долгови доспеани до 30.11.2022 и неплатени до 28.02.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници се објавени 1.705 должници – правни лица (повеќе за 6 од претходната листа) и 3.338 физички лица (повеќе за 76 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 8.103.263.151 денари, повеќе за 291.038.227 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 7.920.460.974 денари, повеќе за 291.170.299 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 182.802.177 денари (помалку за 132,072 денари од претходната листа).
Целата листа ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десет најголеми должници на Листата на должници на УЈП