еМагазин
Image default
Забава

На Оревче во Охрид ќе настапи британскиот диџеј и продуцент TIJN

Британскиот диџеј и продуцент TIJN ќе настапи  на Охрид Маратон за сите љубители на електронската музика, викендов, недела 31-ви јули, од 12 часот на плажата Оревче на Охридското Езеро.

Три артисти ќе се погрижат за девет часовниот настан, позади чија организација стои формацијата на македонски диџеи и музички продуценти Пирка.

Специјален гостин на настанот е англискиот диџеј и продуцент TIJN, чиј печат го става на светската мапа на електронската музика. Toj e човекот кој стои позади познатите етикети Curtea Veche, Oge, Into The Wizard’s Sleeve и Haus Wax. Големи издавачки куќи, како Rawax, Moss Co. и Memoria ја публикуваат неговата музика.

Настапувал низ најпознатите клубови и имал свои сетови на светските фестивали, а вреди да се споменат неговите последни настапи во култниот Fabric и на Gottwood Festival.

За домашната поддршка ќе се погржат Dejan Dex и Dout.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Моделот Ерсан Зибер од Македонија ќе глуми во турска серија

Редакција

Тамара Тодевска ги откажа концертите во Прилеп и Охрид: Грешката прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство

Редакција

(Галерија) Берза на винили: Плочите се вратија на голема врата

Редакција