еМагазин
Image default
Локално

На Табановце се чека до половина час

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје повторно ќе биде блокирано, ако не се реши проблемот на приватните автобуски превозници

Редакција

Поради непочитување на здравствените прописи затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Редакција

Со возило се обиделе да згазат полицајци во Скопје

Редакција