еМагазин
Image default
Локално

Приколка со песок згмечи двајца работници во Железера

На 23.08.2018 година во 22.13 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, со повреди биле донесени М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје, вработени во приватна фирма, информира МВР.

При истовар на песок во кругот на фабриката „Железара“ од камион, се откачила приколката и тие се здобиле со повреди. Кај нив биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски инспектор во Струмица од невнимание испукал куршум во канцеларија

Редакција

Маж починал по пад од карпа кај село Кошани

Редакција

Марихуана пронајдена кај затвореник во тетовскиот затвор

Редакција