еМагазин
Image default
Македонија

На Табановце запленети 1.000 антиген тестови за Ковид-19

При контрола на автобус пријавен за влез на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид-19, информираат од Царинската управа.

„На ден 22.08.2021 година во 13:00 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга.

При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за Ковид 19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000 денари,“ се вели во соопштението.

Стокaта е привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Одделението за прекршочна постапка при Царинска управа.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Пари за плати за здравствените работници има, сајбер-нападот е да се направи блокада на клучните витални системи во државите

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција

Ако опфатот на вакцинирани не е голем, на есен ќе има нови рестриктивни мерки, најави Филипче

Редакција