еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најверојатно ќе биде потребна трета доза вакцина, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека имал состанок со претстаници на „Фајзер“, на кој раговарале за плановите за следната година и за нивните сознанија во однос на клиничките испитувања.

Сите испитувања досега, посочи министерот, одат во насока дека најверојатно трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираат.

Околу бројот на вакцини во земјава, Филипче наведе дека во овој момент има сосема доволно.

– Околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „АстраЗенека“, 110 илјади „Фајзер“ и 100 илјади дози од „Синовак“ и ја имаме оваа континуирана количина која што доаѓа од 30-40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата „Фајзер“, посочи министерот.

Тој повторно укажа дека не треба да постои сомнеж кај граѓаните и оти сите вакцини се безбедни.

– Не треба да има сомнеж. Сите вакцини се безбедни и тоа е докажано и од нашето искуство. Мали некои несакани ефекти коишто се типични генерално за вакцините – црвенило итн., освен онаа компликација што ја имаше една мала девојка која што е опишана во литературата, меѓутоа и таа помина добро.

Значи, вакцините се безбедни, направени се на безбедни платформи, така што вакцинацијата е единствениот процес којшто ќе го спаси светот од оваа пандемија, нагласи Филипче.

Во однос на новиот сој, министерот рече дека ги чекаа научните созананија.

– Кога ќе се појави една варијанта без разлика каде е или станува типична за некој регион или брзо се шири. Има типични соеви на вирусот за поединечни некои региони. Точно е дека има нова варијација на вирусот, меѓутоа тоа е нешто што воопшто не е изненадување.

Овој тип на вирус има тенденција да мутира во различни делови. Се уште е рано да се кажат карактеристиките на овој најнов сој на вирусот. Ги чекаме научните сознанија. Она што досега се знае за досегашните соеви на вируси е дека важат истите принципи – вакцинацијата и општите превентивни мерки, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога и за кого ќе има трета доза во Македонија

Третата доза може да почека: Експертите советуваат најпрво да се имунизираат невакцинираните

Лицата кои се вакцинирале со „Синофарм“ под итно да се вакцинираат со трета доза, вели директорот на Клиничкиот центар во Ниш

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО: Први фотографии од „Лимак Скопје Хотел“

Редакција

Заев денеска ќе поднесе оставка од премиерската функција, ќе го наследи Димитар Ковачевски

Редакција

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 216

Редакција