еМагазин
Image default
Македонија

Над 53 илјади пријавени за вакцинирање преку онлајн апликацијата, а 24.958 преку матичните лекари

Вкупно 53.070 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 24.958 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Вакцинацијата против Ковид-19 во државава почна денеска во Модуларната болница при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде се вакцинираат вработените во таа јавна здравствена установа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Докторката Јовановска и главната сестра Темелковска први се вакцинираа против Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Штип, Скопје, Свети Николе и Прилеп со најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

До сега попишани 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

Редакција

АВМУ: Политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување

Редакција