еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Никола Ристановски ја доби наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобар актер

Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во која членуваа: Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.

„Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина.

Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа,“ стои во образложението од комисијата.

Фото: МНТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ „жестоко“ кон ЕУ: Сит сум од тие игри во регионот – се оцрнуваме едни со други, за да можат да се играат со нас како марионети

Редакција

Убава вест: Поголем број на оздравени од заразени со Ковид-19, од 159 најмногу во Скопје 42

Редакција

КПУ Идризово склучи договор со “Фодулмак“ вреден 1,1 милион евра

Редакција