еМагазин
Image default
Балкан

Напад со рачна граната врз објектот на општината во Северна Митровица

Рачна граната експлодира синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за експлозијата во дворот на општината, при што се оштетени две службени возила на косовската полиција, во изјава за медиумите ја потврди полицискиот портпарол, Баки Кељани.

– Доцна синоќа непознат/и сторител/и извршија напад со експлозивно средство врз општина Северна Митровица. Врз основа на службените информации, постојат сомневања дека во дворот на општинскиот објект во Митровица, близу влезот на објектот е фрлено експлозивно средство, за кое се претпоставува дека е рачна граната, при што е причинета материјална штета врз полициски возила.

За среќа нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила. Во консултација со надлежен обвинител покренат е случај за „извршување терористичко дело“, се вели во изјавата на Кељани.

Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

МИА/Фото: Еуролекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Поранешниот премиерот на Романија, Драгнеа во затвор, Романците го испратија со пцовки

Редакција

(Видео) Над 10 илјади граѓани протестираа во Атина за подршка на Палестина

Редакција

(Видео) Вучиќ повторно излезе од фрижидер, овој пат во емисија на телевизија „Пинк“

Редакција