еМагазин
Image default
Македонија

Направена е техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност, велат од ДЗС

Државниот завод за статистика (ДЗС) на својата веб-страница соопшти дека е направена техничка грешка во Пописот при внесувањето на податоците за религиозната припадност на граѓаните.

-Во соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците, соопштија од ДЗС.

Од тие причини, како што посочуваат, е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.

-Се извинуваме за направената грешка, велат од ДЗС.

Фото: ДЗС/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата без коментар за пресот на пратеникот Ејуп Алими на кој говореше само на албански јазик

Редакција

(Видео) Во Макстил уништени 1.400 килограми дрога и 270 парчиња оружје

Редакција

„Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави“, вели Русковска за претставката на Муареми

Редакција